ХЕЦ Попова Шапка

Хидроелектричната централа Попова Шапка го добила своето име по истоимената планина каде што е лоцирана. Пуштена е во употреба во 1994 година.

ХЕЦ Попова Шапка претставува каскаден систем од четири хидроцентрали, распоредени во опсег од 3 до 20 km од Тетово, со вкупна инсталирана моќност од 4.8 MW.

ХЕЦ Попова Шапка е поставена каскадно на главниот цевковод, чијашто примарна дејност е снабдување со вода за пиење на градот Тетово, а секундарна е производство на електрична енергија.

Опремата за производство на електрична енергија во машинската просторија на овие хидроцентрали се состои од Пелтон турбина со хоризонтална оска, регулатор на проток и генератор. Делувањето на регулаторот на проток е со хидрауличен систем. Турбината придвижува синхрон генератор со вртливи диоди.

Опремата за производство на електрична енергија во машинските простории на овие хидроцентрали се состои од Пелтон турбина со хоризонтална оска со 2 млазници со хидраулична регулација, во спрега со синхрон генератор со вртливи диоди.

Во случај на испад на која било од четирите ХЕЦ, во секоја од нив има инсталирано гасител на енергија, кој служи за преземање на водата по главниот преттурбински вентил и нејзино пренасочување во собирната комора, со цел да се обезбеди хидродинамички континуитет на водоснабдителниот систем.

Годишното просечно производство на ХЕЦ Попова Шапка е 20 GWh.

Нето пад 300 m
Проток 0.6 m3/s
Тип на турбина Пелтон турбина со хоризонтална оска
Тип на генератор Синхрон генератор со вртливи диоди
Инсталирана моќност 4.8 MW
Коефициент на ефикасност 85%
Просечно годишно производство 20 GWh

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. Лазар Личеноски 11
Скопје 1000 Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000