ХЕЦ Бабуна

ХЕЦ Бабуна е мала хидроелектрична централа што се наоѓа недалеку од градот Велес. Таа го носи името на истоимената река во општината Чашка, во средишниот дел на Република Македонија, под врвот Солунска Глава и живописните падини на планината Јакупица.

ХЕЦ Бабуна се наоѓа на околу 38 km од општината Чашка.

Како помала хидроцентрала постои од 1956, а првпат е реконструирана во 1991 година.

Зафатната градба се наоѓа на 1200 m низводно од машинската зграда на кота од 549,60 m н.в. Зафатот е страничен со накосена фина решетка на која е поставен автоматски чистач со хидрауличен погон. Ширината и висината на преливниот праг се 8 m и 4,6 m соодветно. Номиналниот проток на вода што минува низ цевководите е 3,2 m3/s. Нето падот на водата пред влезот во хидроцентралата е 22 m.

Опремата за производство на електрична енергија во машинската просторија се состои од две „Францис“ турбини со хоризонтална оска. Делувањето на регулаторот на проток е со хидрауличен систем. Турбините придвижуваат два синхрони генератори со статичка возбуда и вкупна инсталирана моќност од 640 kW. Генераторите во погон работат паралелно на напон 0,4 kV и понатаму произведената енергија се трансформира преку трансформатор 0,4/10 kV.

Електричната енергија до крајните корисници се пренесува преку еден 10 kV далновод до разводната постројка „Порцеланка“ со двоење на 10 kV далновод и кон селото Јасеново. По искористувањето на енергетскиот потенцијал на водата од турбините преку челичниот цевковод, водата се води во одводна вада од каде што се испушта повторно во реката Бабуна.

Просечното годишно производство изнесува 1.2 GWh.

Нето пад 24.9 m
Проток 2x1.6 m3/s
Тип на турбина Францис турбина со хоризонтална оска
Тип на генератор Синхрон генератор со статичка возбуда
Инсталирана моќност 720 kW
Коефициент на ефикасност 78%
Просечно годишно производство 1.2 GWh

Биолошкиот минимум на реката Бабуна е 75 m³/s  и тој од операторот на хидроцентралата е секогаш испочитуван.

Во изворишниот дел на Бабуна, во отсекот на Јакупица, се наоѓа атрактивната пештера Дамјаница, додека од десната долинска страна во клисурата Пешти се наоѓа пештерата Макаровец. Изградена е од сплет на повеќе канали со вкупна должина од 310 метри. Пештерата е сиромашна со пештерски украси, a во нејзиниот краен североисточен дел, под отсек висок 8 метри, се наоѓа пештерско езеро. Со пејзажот што го запира здивот, изворот на Бабуна е вистински бисер на недопрената природа. Одовде Бабуна го продолжува својот тек низ длaбока долина, додека во близина на устието навлегува во тесна клисура. Во неа се влеваат притоките Брезница, Гранушка, Црничка и Бела Вода. На јужниот излез од Велес, Бабуна се влева во Вардар. Во неверојатно чистата планинска вода на Бабуна живее речната пастрмка.

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. 11 Октомври бр. 9
Скопје 1000 Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000