Екологија

Производството на електрична енергија од вода во ЕВН Електрани се одвива според највисоките стандарди од областа на енергетиката, а особено од областа на животната средина. Сите наши активности во овој домен се базирани на заштита на природните ресурси и обезбедување на соодветни услови за нормален развој на постеочката флора и фауна. Покрај тоа водиме грижа за заштита и зачувување на водените ресурси и нивно постојано подобрување, како и на заштита на крајбрежното земјиште. Рационално ги користиме водите и внимаваме на одржливоста на водните еко системи и биолошката разновидност и на еко системите која зависни од водата.

Имајќи во предвид дека обезбедувањето на биолошкиот минимум во реките е многу важно за обезбедување на добра еколошка состојба на водотекот постојано се следи зачувување  на биолошките елементи, хидро-морфолошките, хемиските и физичко - хемиските карактеристики, во согласност со националната Програма за проценка и мерки за речните сливови. Истото се прави со соодветна технологија и постојан мониторинг од страна на нашите оператори.

Како резултат на нашите залагања и посветеностр хемискиот и бактериолошкиот квалитет на водата на реките е непроменет пред зафатот и на излез од машинската зграда каде се врши трансформацијата на хидропотенцијалот во електрична енергија. Истовремено, постојано се врши мониторинг на сите потребни параметри.

Хемискиот и бактериолошкиот квалитет на водата на реките е непроменет пред зафатот и на излез од машинската зграда каде се врши трансформацијата на хидропотенцијалот во електрична енергија. Физичкиот состав се менува со задржувањето на физичките крупни материи, најчесто гранки и друг органски отпад кој го носи водата со себе. Овие отпадоци се задржуваат на грубата и фината решетка и потоа се отстрануваат од нив.

Покрај нашите заложби за почитување на највисоките стандарди за зачувување на животната средина, контрола врши и Управата за хидрометеролошки работи преку ппрограмата RIMSYS (River Monitoring System). Во рамките на оваа програмата преку анализа на хидролошки параметри, физички и органолептички индикатори, минерализација, кислородни индикатори, показатели на еутрофикација и штетни материи, го следи квалитетот на површинските води во Република Македонија. Преку програма  реките  се  следат  во  поглед  на хидролошките параметри и  други параметри  кои  го  дефинираат  квалитетот  на  водата и нејзината класификација според Уредбата за категоризација на  водотеците,  езерата, акумулациите и подземните води (Службен весник на РМ бр. 18/99 и 71/99). 

Податоците  кои  се  обработени од страна  на  Македонскиот Информативен Центар при Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека квалитетот на водите на реките кои ги користиме и  нивните притоки  е во согласност со  квалитетот  пропишан  со  Уредбата (II  класа  која  може  да  се  користи  за  капење,  рекреација  и  по  третман  и  за пиење и III класа на умерено еутрофична вода која може да се користи за наводнување).

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. 11 Октомври бр. 9
Скопје 1000 Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000