Одржлив развој

Целокупното производството на електрична енергија од ЕВН Електрани се обезбедува исклучиво во хидроцентрали, што значи дека нашата компанија целосно се придржува кон концептот за одржлив и обновлив развој.

Основната идеја на овој концепт е да се создадат услови за стабилен економски и социјален развој, при што ќе се зачува животната средина и за идните генерации.

Производството на електрична енергија во нашите хидроцентрали, кое се одвива преку искористување на енергетскиот потенцијал на водата, секогаш е во предност пред други извори на енергија што за производство користат фосилни горива, со чие согорување се зголемуваат емисиите на т.н „стакленички“ гасови во атмосферата, кои се штетни за целокупната животна средина и се главните виновници за глобалното затоплување.

Користејќи го потенцијалот на водата, електричната енергија што се добива од нашите хидроцентрали нуди многу погодности и позитивни аспекти врз социо-економскиот развој, позитивно влијае врз заштитата на животната средина и на животот на населението. Тоа влијание се огледува преку неколку аспекти и тоа:

  • Намалување на потребата од користење други енергетски ресурси (нафта, гас, јаглен).
  • Редукција на емисиите на т.н. стакленички гасови, со што се придонесува кон ублажување на климатските промени. Конкретно, со просечно годишно производство од 140 GWh нашите хидроелектрани придонесуваат кон редукција на емисијата на повеќе од 130 илјади тони јаглерод диоксид во атмосферата, секоја година.
  • Обезбедување дополнителни, сигурни извори за снабдувањето со енергија на локалното население, особено во руралните подрачја.
  • Обезбедување биолошки минимум на водотеците во реките, без да се создаваат отпадни води.
  • Обезбедување вода за наводнување и водоснабдување, како и дополнителна заштита од поплава.

Сите овие аспекти од функционирањето на нашите хидроцентрали ја покажуваат нивната улога за социо-економскиот развој, истовремено докажувајќи го нивното значење за зачувување на животната средина.

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. 11 Октомври бр. 9
Скопје 1000 Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000