Нашиот тим

Зад успехот, добрите резултати и амбициите на компанија стојат нашите вработени.

Тимот на ЕВН Електрани е составен од високообразован кадар од повеќе области, како и од технички лица што се соодветно обучени за работа со електромашинските делови во нашите централи и се одговорни за нивно одржување.

Го стимулираме иновативниот пристап во работата на нашите вработени, а тие ни возвраќаат со нивната професионалност, посветеност, лојалност и одговорност. Ние се грижиме за континуирана едукација и надоградување на знаењето на нашите вработени, преку реализација на разновидни обуки, тренинзи и семинари.

Една од најзначајните видови одговорност кон вработените е тие да бидат соодветно заштитени во текот на работниот процес. Особено внимание посветуваме на тоа сите вработени да поседуваат заштитна опрема и соодветно да ја користат при работата.

Покрај процесот на производство на електрична енергија, нашите вработени се посветени на грижата и рационалното и планско користење на природните ресурси, како и нивно одржување и обнова преку заштита на флората и фауната.

Во една реченица - работиме професионално, користиме најсовремени и најнапредни технологии и се грижиме за правилно одржување на постојките, за обезбедување поголема ефикасност и безбедност при работата, како и за почитување на меѓународните стандарди за заштита на животната средина.

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. Лазар Личеноски 11
Скопје 1000 Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000