ХЕЦ Песочани

ХЕЦ Песочани е лоцирана на Песочанска Река, која минува низ селото Песочани, во општината Дебарца. Хидроцентралата е во функција од 1951 година и претставува дел од дистрибутивната гранка на градот Охрид.

Зафатот на оваа хидроцентрала се наоѓа на Песочанска Река околу 5 km низводно до машинската зграда. Има капацитет од 1500 l/s, а ширината и висината на преливниот праг изнесуваат 20 m и 2,8 m соодветно. Зафатот е страничен, со вертикална груба решетка. Од зафатната градба, водата се насочува преку доводен тунел со должина од 5800 m до водната комора, која има капацитет од 2700 m3. Од комората до машинската градба водата се пренесува преку челичен цевковод, со должина од 980 m и пречник 670 mm. 

Во машинската зграда се поставени четири Пелтон турбини со хоризонтална оска, по две на двата генератора. Номиналниот проток на турбините е 4x0.35 m3/s, И номинален број вртежи 600 vrt/min. Генераторите се синхрони со статичка возбуда и номинална моќност 2 x 1.45 MW. Излезниот напон од генераторот е 6,3 kV и преку трансформација на 35 kV се пренесува соодветно кон Косел и кон Струга, а преку дистрибутивен трансформатор 35/10 kV и 10 kV далновод се пренесува до околните села. По искористување на енергетскиот потенцијал на водата од турбините, водата се води во одводниот канал со ширина од 1 m и висина од 1,29 m и се испушта во Песочанска Река.

Годишното производство на електрична енергија изнесува 12 GWh.

Нето пад 290 m
Проток 4x0.35 m3/s
Тип на турбина Пелтон турбина со хоризонтална оска
Тип на генератор Синхрон генератор со статичка возбуда
Инсталирана моќност 2.9 MW
Коефициент на ефикасност >90%
Просечно годишно производство 12 GWh

Подрачјето на општината според своите релјефни карактеристики опфаќа значаен дел на шумски терени, односно 50,45% од територијата на општината. Шумската вегетација ја сочинуваат горска букова шума со површина од 5230 ha, подгорска букова шума (92.452 ha), букова шума (1157 ha), даб горун - Quercus petraea (11.926 ha), даб плоскач - Quercus conferta, цер - Quercus cerris (3243 ha), Querco ostryetum (42 ha), мешана шума од даб и бел габер - Querco carpinetum orientalis (607,5 ha) и бор (28,4 ha). Околу локациите на резервоарот за вода и доводниот цевковод, најзастапени се Carpinus orientalis, шипинка (Rosa Canina), мешана шума од даб и бел габер - Querco carpinetum orientalis и др.

На подрачјето на општината Дебарца се наоѓа Белчишкото Блато, кое е најголемото сочувано водно станиште во Македонија со површина од околу 0,5 km2. Блатото, на одделни делови и мочуриште, припаѓа на општината Дебарца и се наоѓа во близина на селата Ново Село и Белишта. Подрачјето на блатото се користи од околните жители за напасување и за поење на стоката, косење, рибарење, ловење и рекреација.

Од цицачите, на подрачјето на општината се среќаваат дива свиња (Sus Scrofa), зајак (Lepus europeus), срна (Capreolus capreolus), рис (Lynx lynx) и други животни.

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. 11 Октомври бр. 9
Скопје 1000 Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000