Награда за добра практика за безбедност и здравје при работа

„Советот за безбедност и здравје при работа“ и „Македонското здружение за заштита при работа“  ја доделија националната награда за добра практика за безбедност и здравје при работа на ЕВН Македонија Електрани. Признанието беше доделено за континуитетот во подобрувањето на процесите и мерките за безбедност и заштитата на здравјето на вработените кои ги покажа компанијата.

„ЕВН Македонија Електрани, како компанија која е дел од групацијата ЕВН, постојано дава голем акцент на безбедноста и здравјето на своите вработени, како во делот на едукација така и во делот на следење, имплементирање и унапредување на сите позитивни европски и светски норми и трендови во областа на безбедност и здравје при работа“ изјави на свеченото доделување на наградата д-р Мирослав Митровски, управител на ЕВН Македонија Електрани.

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. Лазар Личеноски 11
Скопје 1000 Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000
Политика за приватност
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Тие се опишани во нашата политика за колачињаПолитика за приватност