Фотоволтаични системи со ЕВН

Сонцето претставува чист, достапен и обновлив извор на енергија. Имајќи предвид дека искористувањето на современите технологии за производство на соларна енергија носи повеќекратни придобивки за корисниците и за државата, ЕВН во Македонија инвестира и во создавање на овој тип производствени капацитети.

Одберете го ЕВН за ваш партнер
ЕВН ви нуди услуга што се базира на знаење и на експертиза и во согласност со вашите специфични потреби ќе ви понуди персонализирано решение, кое ќе ги даде најдобрите резултати.

Чекор 1: Поднесете барање
Во барањето, корисникот треба да ги наведе основните карактеристики на објектот/локацијата (точната локација на местото/објектот), членови во семејството (доколку се работи за домаќинство), достапна површина на покрив/локација, број на корисник на електрична енергија кој соодветствува со сопственоста на домот/парцелата.
Преземете го формуларот за барањето тука.

Чекор 2: Креираме решение
Нашиот тим експерти ќе ви даде поддршка и консултација со тоа што:

  • ќе утврди најсоодветна локација и позиција за поставување на панелите;
  • ќе ви помогне во селекција на најсоодветен модел на панели;
  • ќе изработи груба пресметка за очекуваното производство на електрична енергија.

Чекор 3: Договор и инсталација
Со склучување договор со ЕВН, вие ќе добиете:

  • Инсталација на фотоволтаичен систем на принципот „клуч на рака“;
Што нудиме?
Решенијата на ЕВН се соодветни за вашиот дом (погледнете пример шема) или вашиот бизнис (погледнете пример шема).
Постојат два типа на инсталација на системи:
  1. Решенија за кровни конструкции
  2. Решенија за земјени површини
Погледнете ја и брошурата за фотоволтаичните системи на ЕВН.
 

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. 11 Октомври бр. 9
Скопје 1000 Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000