Опции за финансирање

Фотоволтаичните системи на ЕВН Македонија, дизајнирани според потребите на корисниците, стануваат подостапни за сите заинтересирани. ЕВН Македонија и Шпаркасе Банка Македонија постигнаа договор за соработка, преку кој ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија може да се користи и за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН Македонија.

Преку ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија, корисниците имаат можност за добивање грант од 15% од вкупната вредност на фотоволтаичните системи на ЕВН. ЕКО кредитот е наменет за физички лица со максимален износ до 50.000 евра, каматната стапка во првите три години изнесува почнувајќи од 5,7%, а потоа променлива каматна стапка почнувајќи од 5,9% во останатиот период на отплата.

ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка е овозможен од Green Economy Financing Facility (GEFF)  програмата развиена од ЕБОР за Западен Балкан. Целта на ЕБОР е преку GEFF да создаде пазари за самостојно одржување на побарувачката за инвестиции во технологии со високи перформанси, со цел подигнување на свеста за модерните стандарди за енергетски перформанси.  GEFF програмата е поддржана и е извор на грантови од Европската Унија.

Кои се чекорите неопходни за добивање на ЕКО кредитот?
  1. Заинтересираниот корисник треба да добие и прифати понуда од ЕВН која се изготвува врз основа на поднесено официјално барање за поставување на фотоволтаични системи
  2. Корисникот се обраќа во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија и аплицира за кредит
Повеќе информации и документи:
 

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. 11 Октомври бр. 9
Скопје 1000 Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000