Сонцето претставува неисцрпен извор на енергија

Карактеристики и искористување на соларната енергија
 
Соларната енергија се искористува преку инсталација на т.н. фотоволтаични системи или уреди, широко познати како соларни панели или фотоволтаици. Панелите се главниот дел од инфраструктурата за производство на соларна енергија, која се поврзува со внатрешната електрична инсталација на корисникот и со електродистрибутивната мрежа.
 
Производството на енергија зависи од поставеноста на панелите и од временските услови. За добивање максимален ефект, поволни услови за функционирање на фотоволтаиците се соодветно позиционирање, чисто небо и директни сончеви зраци. Но, системите можат без проблем да функционираат и во облачно време, со дифузна светлина.

Придобивки од поставување на фотоволтаични системи

Со поставување соларни панели, значително ја намалувате сопствената потрошувачка преземена од дистрибутивната мрежа, а со тоа значително ги намалувате и трошоците за електрична енергија. Со редовно одржување, кое е лесно и едноставно, животниот век на соларните панели може да биде и до 25 години.
 
Постојат многу дополнителни причини зошто да се решите за инсталирање фотоволтаичен систем, кој ќе биде вашиот извор на електрична енергија:
  • Значително ја зголемувате вредноста на вашиот објект.
  • Го искористувате сонцето како бесплатен и неисцрпен извор на енергија.
  • Ја намалувате експлоатацијата на необновливите енергетски ресурси.
  • Придонесувате кон заштита на животната средина и кон намалување на емисијата на јаглероден диоксид.
Домаќинства

Соларни панели со површина од 7 m² произведуваат околу 1.000 kWh електрична енергија годишно. Во зависност од местоположбата и од сончевото зрачење, панели со површина од 28 до 40 m² годишно може да покријат 30 проценти од потребата за електрична енергија на едно просечно домаќинство, без складирање.
 
Бизниси

Со соларната енергија имате можност да создавате сопствена „зелена“ електрична енергија, која може да се користи веднаш. На тој начин ја намалувате потрошувачката и во исто време ја заштитувате животната средина.
 

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. 11 Октомври бр. 9
Скопје 1000 Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000