Фотонапонска Централа „Долани Солар“

Локација

Фотонапонската централа се наоѓа во близина на с. Долани, Штип. Селото Долани се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општината Штип, на југ од градот Штип, на потегот меѓу левата страна на р. Брегалница и десната страна р. Крива Лакавица. Селото е ридско и е на надморска височина од околу 380m. Општината се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како и умерено-континентална клима, со одредено влијание на изменета средоземна клима.

Основни параметри

Вкупна инсталирана моќност од 1.490,580kW Сончевата радијација е со просечна годишна густина на енергија на сончевото зрачење од 1530 KWh/m2. За да се искористи максимално расположливата површина од парцелата, се поставувени 3.276 фотонапонски панели на конструкција под агол од 25 степени со површина од околу 7.459,1m2. Предметната парцела е со површина од 15.604,41m2. Панелите се распоредени во редови и ориентирани кон југ.

Влијание врз животната средина

Производството на електрична енергија од фотонапонски панели (соларни ќелии) има позитивно влијание врз животната средина и со нивна употреба индиректно се намалува емисијата на стакленички гасови, така што со помош на оваа централа се намалува испуштањето на 13.705,00 kg CO2

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. Лазар Личеноски 11
Скопје 1000 Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000