Светскиот ден на животната средина стана дел од програмата ЕВН Волонтира

05.06.2018

По повод Светскиот ден на животната средина на Матка се спроведуваше волонтерска активност од страна на Еко-Хидро тимот, група составена од 14 вработени од ЕВН Македонија Електрани.
Тимот собираше отпад расфрлан на пешачката патека при што се извршуваше селекција на отпадот во четири категории и тоа: пластика, стакло, пакување и хартија. Во соработка со фирмата ЕКО Центар, отпадот ќе биде однесен на соодветни локации.
„ЕВН Волонтира“ им се заблагодарува на членовите на тимот за несебичниот личен придонес и целосното посветување за успешно да се спроведе оваа волонтерска активност која е од голема важност за природата и истовремено претставува една од највредните идеи за волонтирање.

 

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. 11 Октомври бр. 9
Скопје 1000 Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000