Менаџмент

Мирослав Митровски
Менаџер во ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ


Г. Мирослав Митровски е управител на ЕВН Македонија Електрани од крајот на 2014 година. Своите додипломски студии ги има завршено на Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје на Економскиот Факултет. Во 2008 година магистрирал на Европскиот Универзитет во Скопје на Економскиот Факултет, а во 2011 година докторирал на истиот факултет. Во тимот на ЕВН Групацијата е вклучен од 2006 година. Пред да стане управител на ЕВН Електрани бил раководител на одделот Билинг во ЕВН Македонија.




Максимилијан Хојер
Менаџер во ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ


Г. Максимилијан Хојер е управител на ЕВН Електрани од декември 2021. Завршил магистерски студии на Универзитетот во Виена (Факултет за економија и право) и МБА студии на ИЕСЕ бизнис школата во Барселона. Во ЕВН Максимилијан Хојер се вработува во 2012 како менаџер за спојување и преземање и од тогаш бил назначен на повеќе раководни позиции во рамките на групацијата.

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. Лазар Личеноски 11
Скопје 1000 Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000